Само 48 новозаразени, но од 387 тестирани, починаа четворица

Фото: Б. Грданоски

Во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на Ковид-19 во:

-Скопје 20

-Куманово 3

-Дебар 1

-Прилеп 3

-Тетово 1

-Струмица 4

-Кочани 9

-Пробиштип 1

-Пехчево 1

-Виница 2

-Делчево 1

-Свети Николе 2

Починати се четири пациенти од Скопје (73 и 62г), Куманово (69г) и Тетово (72г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од:

-Скопје 21

-Куманово 3

-Штип 2

-Тетово 5

-Струга 6

-Битола 1

-Гостивар 4

-Гевгелија 2

-Крива Паланка 2

-Радовиш 3

-Кочани 6

-Пробиштип 2

-Виница 2

-Свети Николе 1

-Кичево 1

Досега во земјата се направени вкупно 185.708 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.674, бројката на оздравени пациенти е 14.642, на починати е 729, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.303.

Во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 20…

Posted by Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë on Понеделник, 28 септември 2020