Само 46 новозаразени, оздравеа 526, починаа 12 пациeнти со Ковид-19


Фото: Б. Грданоски
Во последните 24 часа се направени 378 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на Ковид-19, што претставува само 12 отсто. Малиот број тестирања е поради празникот 1 Јануари. Според градови:
-Скопје 22
-Куманово 2
-Прилеп 1
-Тетово 1
-Струга 7
-Охрид 3
-Кавадарци 4
-Гостивар 3
-Македонски Брод 1
-Ресен 1
-Неготино 1
 
Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје (53, 71, 72, 74 и 69), еден од Прилеп (72), еден од Тетово (53), еден од Кавадарци (52), двајца пациенти од Гостивар (70 и 65), еден пациент од Струмица (72) и еден пациент од Делчево (78). Сите се починати во болнички услови.
 
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 526 оздравени пациенти од:
-Скопје 295
-Куманово 13
-Штип 7
-Прилеп 39
-Тетово 12
-Струга 3
-Велес 4
-Битола 9
-Охрид 33
-Кавадарци 41
-Гостивар 9
-Гевгелија 4
-Струмица 16
-Крива Паланка 3
-Кочани 2
-Пробиштип 2
-Македонски Брод 2
-Валандово 6
-Кратово 1
-Свети Николе 2
-Кичево 4
-Ресен 2
-Неготино 17
 
Досега во земјата се направени вкупно 402.822 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83.789, бројката на оздравени пациенти е 62.469, на починати е 2.522, а бројот на активни случаи изнесува 18.798.