Само 39 отсто од Балканците би се вакцинирале против Ковид 19


Дури 75 отсто од жителите на земјите од Западен Балкан веруваат во една или повеќе теории на заговор за КОВИД-19, покажа истражување на јавното мислење објавено од експертска група „Балкан во Европа“ и Европскиот фонд за Балканот.Најголем процент граѓани ѓто веруваат во заговори има во Албанија, а потоа следува Србија.

Како резултат на тоа, мнозинството граѓани на Западен Балкан не веруваат ни на вакцините за коронавирус. Само 39 отсто од луѓето во регионот велат дека би се  вакцинирале.

Студијата покажа дека склоноста да се верува во теории на заговор не зависи од образованието, возраста или полот на луѓето, ниту од тоа дали тие живеат во голем град или на село. Како главна причина за раширениот заговор се наведува недовербата кон државните институции и политичарите.