Денеска само 11 новозаболени, тројца починати, 95 оздравени


Фото: Б. Грданоски

Дали резултатите од последниве два дена покажуваат дека новиот бран на корона вирус се смирува или тоа е резултат само на ситуацијата поради продолжениот викенд и помалиот број тестови?

Денеска се регистрирани само 11 новозаразени од Ковид-19 во последните 24 часа од направени 450 тестирања. Тоа значи дека вирусот се покажал кај 2,4 отсто од тестираните. Вчера имаше 39 нови случаи од 817 тестирања, а процентуално тоа значи дека позитивни биле 4,7 отсто од тестираните. Во саботата бројката беше многу поголема – имаше 131 потврдена инфекција од 1.297 тестови.

Од потврдените нови случаи три се во Скопје, а по еден во Куманово, Тетово, Гостивар, Гевгелија, Крива Паланка, Берово, Виница, Делчево, соопшти Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти: Скопје – 44, Штип – 16, Прилеп – 3, Велес – 2, Кавадарци – 4, Гостивар – 2, Гевгелија – 1, Струмица – 2, Кочани – 2, Пробиштип – 1, Македонски Брод – 2, Виница – 3, Свети Николе – 11, Кичево – 1, Неготино – 1.

Починати се три лица: пациент од Гостивар (51), пациент од Прилеп (65) и пациентка од Виница (78г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.341, бројката на оздравени пациенти е 11.157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.581.

https://www.facebook.com/zdravstvomk/posts/3432846256772539

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5.903, активни 812

• Куманово 1.472, активни 379

• Дебар 252, активни 84

• Штип 1.134, активни 132

• Прилеп 463, активни 111

• Тетово 1211, активни 164

• Струга 562, активни 60

• Велес 270, активни 29

• Битола 203, активни 39

• Охрид 337, активни 34

• Кавадарци 182, активни 76

• Гостивар 791, активни 236

• Гевгелија 52, активни 29 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)

• Струмица 65, активни 19

• Крива Паланка 47, активни 18

• Радовиш 42, активни 6

• Крушево 16, активни 0

• Кочани 145, активни 27

• Пробиштип 80, активни 13

• Демир Хисар 60, активни 16

• Македонски Брод 71, активни 16

• Пехчево 18, активни 12

• Берово 58, активни 49

• Валандово 9, активни 2

• Виница 71, активни 33

• Делчево 60, активни 51 (13 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 19, активни 4

• Свети Николе 288, активни 53

• Кичево 269, активни 65

• Ресен 146, активни 0

• Неготино 45, активни 12 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 450 теста се преку: ИЈЗ – 53 , ЦЈЗ Скопје – 0, „Авицена“ – 0,  „Биотек“ – 52, МАНУ – 0, „Жан Митрев“ (Филип Втори)-179, „Систина“ со PCR метода – 143, лабораторија „Лаор“ – 0, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 0, Инфективна клиника – 7,  ГАК – 16, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 148.269 тестирања на Ковид-19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се тројца пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 43, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 5 позитивни деца, 3 мајки и 3 деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респираторна машина е еден пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 104

• Гази Баба – 99

• Аеродром – 99

• Карпош – 85

• Центар – 76

• Кисела Вода – 101

• Ѓорче Петров – 50

• Бутел – 58

• Шуто Оризари – 32

• Студеничани – 26

• Сарај – 25

• Арачиново – 15

• Илинден – 14

• Сопиште – 5

• Чучер Сандево – 4

• Петровец – 8

• Зелениково – 3

• Странец – 8