Самет Шабани е 20-годишниот скопјанец кој синоќа го загуби животот во несреќата

20-годишниот Самет Шабани од Батинци е еден од двата загинати вчера во трагичната несреќа на улицата “Првомајска” во Скопје во насока кон Драчево, односно во Пинтија.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 22 часот меѓу возилото на Шабани кој возеше Голф 5-тка и „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(48) од Скопје.

Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција.