Салвини за новиот прилив на мигранти: Италија е нападната


Италијанскиот министер за транспорт и инфраструктура, Матео Салвини денеска изјави дека Италија е нападната.

Тој ова го изјави на маргините на состанокот во Трст, а по повод последниот прилив на мигранти на Лампедуза.

– Според информациите на крајбрежната стража, а не на морнарицата, која е гордост на земјата, нивната работа е попречена, тоа мора да се земе предвид. Проблем се трговците со луѓе и шверцерите, а не другите. Не невладините организации. Ако невладините им ја комплицираат работата на нашите морнари, секако се јавува проблем – имиграцијата не може да се регулира од приватни тела финансирани од странски држави. Тоа е сигурно, изјави Салвини.

Во текот на ноќта 650 мигранти пристигнале во пристаништето Рочела Јоника со 30-метарски рибарски брод од Либија, без никаква контрола.

Станува збор за мигранти, мажи од Сирија, Пакистан, Египет и Бангладеш, кои патувале околу пет дена пред да влезат во пристаништето и се судриле со друг брод што бил користен во претходното пристигнување.

Бегалците, за кои се вели дека се во добра здравствена состојба, моментално се сместени во еден дел од пристаништето.