Салвини се согласи малолетните мигранти да ги пушти во земјата


 

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини потклекна под притисокот да го олесни политичкиот судир околу бродот за спасување со 134 мигранти.

Тој рече дека ќе им дозволи на малолетните мигранти да се симнат од бродот откако две недели поминаа на море.

Премиерот Џузепе Конте напиша второ писмо до Салвини барајќи од него на малолетните лица да им се дозволи излегување од бродот.

Салвини одговори на три страници дека ќе го направи тоа, но јасно кажа дека тоа е избор на Конте и дека тоа нема да воспостави преседан, пренесе АП.

За сега не се знае колку малолетни лица има на бродот и кога ќе почне нивното симнување.

Шпанската хуманитарна група „Отворени раце“ спаси мигранти во Средоземното Море во близина на Либија пред две недели и ја освои правната битка за влез во територијални води на Италија покрај забраната на Салвини.

Бродот се наоѓа крај италијанскиот брег чекајќи да се симнат мигрантите откако Шпанија и пет други земји од Европската унија престанаа да ги примаат.