Салвини го затвори најголемиот центар за мигранти во Европа
Италија – Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска го затвори центарот за мигранти на Сицилија, кој го опиша како најголем во Европа, истакнувајќи дека приливот на мигранти е намален откако тој стапи на должност пред една година.
Салвини рече дека за една година бројот на мигранти во центрите е намален од 182.000 на 107.000.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи, оваа година во Италија пристигнаа 3.073 мигранти, додека во истиот период минатата година тој број изнесуваше 17.000, а во 2017 година – 85.000.
Салвини не дозволува хуманитарните спасувачки бродови да се сместат во италијанските пристаништа, но и покрај тоа некои бродови со мигранти и натаму доаѓаат во Италија.