Салма Хаек прослави 14 години брак со милијардерот Пино: Ја најдов мојата сродна душа


САД– Со емотивна порака споделена на Инстаграм, американската актерка Салма Хаек (53) му го честиташе брачниот јубилеј на милијардерот Франсоа Анри-Пино (57), претседателот на луксузната компанија „Керинг“.

„Денес пред 14 години ја запознав сродната душа. После тестот на времето, па дури и тестот на карантинот, се чувствувам многу благословено што те најдов и колку повеќе те откривам, толку повеќе расте мојата љубов. Среќна годишнина Ми Амор “ напиша Хаек на француски и на шпански јазик.

Ѕвездата на „Like a Boss“ ја сподели нејзината објава со неколку фотографии од кои една со двојката танцува диво на неоткриен гала-настан.

Хаек и милијардерот Пино,  се венчаа на Денот на вљубените во 2009 година во Франција, а потоа славеа со дополнителна забава во Италија. Имаат 12-годишна ќерка по име Валентина.

Сепак, нивната приказна „како се запознавме“ е мистерија.

„Нема да кажам. Тоа е толку романтична, неверојатна приказна, но е моја. Не сакам да го вулгаризирам тоа што ќе го направам во приказна за да се направам интересен “ изјави Хаек.

Пред свадбата двојката раскина на неколку месеци откако Пино дозна дека од врската со супермоделот Линда Еванџелиста има син и мораше на суд да ја договара алиментацијата.

Бракот со Хаек му е втор на Пино. Од првиот брак со Дороти Лапер има две деца.

Хаек прозборе и за придобивките од мајчинството во своите 40-ти.

„Мислам дека сум подобра мајка затоа што родив подоцна“, изјави таа за списанието. „Но, јас сум изморена. Нема да лажам “.

Хаек откри и дека нејзината самодоверба расте со возраста. Позираше без шминка за специјалното издание за убавина на „ People“ со Рита Вилсон и други убавици.

„Порано многу се критикував. Сега, кога се гледам во огледало и има работи што не ги гледам, мислам за тоа колку сакам да ме сакаат за 10 години. “

Хајек додаде: „Нормално, кога не носите шминка, тоа е затоа што се наоѓате во ситуација кога не чувствувате притисок да изгледате најдобро. Има чувство само да се биде присутен без потреба да се импресионира никого.