Салцбург порано ќе ги гаси светлата на главните знаменитости


Австрискиот град Салцбург, сред туристичката сезона, ќе ги гаси светлата на главните знаменитости еден час порано, за да заштеди струја во моментот додека земјата, како и цела Евроа, се соочува со проблем со електричната криза.

Од денеска, рефлекторите кои ги осветлуваат главните знаменитости, межу кои и тврдината Хохенсалцбург, ќе се гасат еден час порано, на полноќ, најави градската советничка Матрина Бертхолд.

Намалувањето на осветлувањето во Хохенсалцбург, една од најголемите средновековни тврдини во Европа која се издига над средиштето на градот, ќе има особен ефект затоа што троши 13.000 вати, вели Бертхолд.

Црквите и спомениците во градот северозападно од Австрија, исто така, ќе бидат погодени со оваа мерка.

И во Лиц, градските власти деновиве најавија дека ќе го исклучат осветлувањето на мсотовите и другите јавни згради во 23 часот навечер.

Градот Фелдрих, во западната автриска покраина Ворарлберг, објави дека планира да престане да го осветлува историското градско средиште ноќе, за да ги намали трошоците за електрична енергија.