Салата „Работнички“ по 50 години целосно се реновира


Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски на неговиот Фејсбук профил информираше дека салата Работнички се реконструира во пон ек и според највисоки стандарди.

„Култната сала Работнички ќе блесне во ново руво! Реконструкцијата се одвива во полн ек и според највисоки стандарди. Го прошируваме теренот, наместо бетонски клупи поставуваме нови седишта, соблекувални, туш кабини, подно греење, кров и фасада. Во 2025-та добиваме нова и модерна сала по 50 години! Ви се допаѓа нели?“, напиша Герасимовски.