Сала и пилотот пред несреќата биле затруени со јаглероден моноксид?

Аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон пред авионската несреќа на 21 јануари што се случи над Ламанш биле изложени на поголеми количини јаглероден моноксид.
Новите информации по повод смртта на Сала се наведени во извештајот на Британската агенција за истражување авионски несреќи.
Како што пренесе Би-би-си обдукцијата покажала дека во крвта на Сала се најдени 58 отсто јаглероден моноксид, а тоа потенцијално може да предизвика главоболки и срцев удар.
Телото на пилотот уште не е пронајдено, но се претпоставува дека токму јаглеродниот моноксид може да биде причина за падот на авионот меѓу Нант и Кардиф.
Истрагата ќе продолжи затоа што семејствата на настраданите имаат прави да знаат што довело до влез на јаглероден моноксид во внатрешноста на авионот.