„Сакам книги” подготвува мини-саем на книги во Делчево


Јавната библиотека „Илинден” од Делчево се подготвува за предновогодишниот мини-саем на книги кој ќе се одржи на почетокот на месец декември. Во рамки на настанот како што информираше директорката Биљана Петровска, свои книги ќе изложи издавачката куќа „Сакам книги”.

– На 6 декември (понеделник) од 8 часот до 20 часот, „Сакам книги“ ќе изложи свои книги во читалната на библиотеката. Изборот на наслови и цените на книгите кои ќе бидат на продажба е на „Сакам книги“, истакна Петровска.

Таа упати апел љубителите на книгата да го посетат Саемот и да го изберат саканото издание.

– Ги покануваме сите граѓани, наши членови и љубители на книгата да го посетат овој саем на книги. Изборот ќе биде голем а цените поволни. Се гледаме на саем на 6 декември во читалната на ЈЛБ „Илинден, додаде Петровска.

Од библиотеката воедно информираа дека во рамки на настанот Денови на хуманост – Дарувај со љубов библиотеката актовно ќе учествува со свои содржина.