Сакал да ограби обложувалница, но сам се застрелал, во брзата помош му викнале полиција


Вчера маж се обидел да ограби обложувалница во Славонски Брод, Хрватска, но самиот се повредил. Како што потврдија од полицијата, околу 17 часот добиле пријава од Итна медицинска помош дека примиле лице кое најверојатно било повредено од истрел од пиштол.

„Се работи за маж (43) на кој му е укажана лекарска помош и е задржан на понатамошно лекување во болницата во Славонски Брод. Во тек е кривична истрага за утврдување на сите околности“, велат од полицијата за СБ онлајн.

Како што неофицијално дознава споменатиот портал од очевидци, пред спортската обложувалница дошле неколку мажи со шлемови на главите и еден од нив со намера да ја ограби, почнал да вади пиштол и на крајот се повредил.

Сторителите побегнале од местото на настанот, а повредениот подоцна сам се пријавил во Итната помош. Итната помош повикала полиција, а во тек е кривична истрага за да се утврди што точно се случило и како мажот се повредил.