Саем за Венчавки “Wedding Expo25” на 21 февруари во Скопје
Со богата програма и со најдобрите претставници од свадбената индустрија на 21 февруари се отвора традиционалниот Саем за Венчавки “Wedding Expo25”, во организација на „Во бело, во бело“.
Ова ќе биде 13= то издание на саемот, а по традиција ќе се одржи во хотелот Александар Палас. Саемот ќе ги отвори вратите за посетителите во петок на 21 јануари во 18ч. а ќе трае до 23 јануари, недела до 18ч.
На настанот ќе земат учество голем број на изложувачи од сите сфери на свадбената индустрија (дизајнери и атељеа за венчаници, ресторани, музички групи, покани, бурми и накит, подароци, декорации за свадба, фотографи, костуми и обувки итн) односно се што е неопходно за организирање на свадбената прослава. Oваа година саемот ќе биде најбогат досега, со најдобрите во сите сфери на свадбената индустрија.
Освен домашни дизајнери и модни куќи на саемот учество земаат и реномирани светски дизајнери на венчаници како брендовите Моника Лорети, Берта, Кристал, Анџела Бјанка, Дион, Ману Гарсија и др.
Програма на саемот
Петок 21ви
Отворање на саемот за посетители во 18 ч до 22 ч. Идните младенци со своите најблиски кои ќе одберат да не посетат во петок освен што ќе можат неколку часа да прошетаат по саемските хали (2500м2) ќе имаат и исклучителна и ексклузивна можност да уживаат во традиционалната модна ревија “Познатите во венчаници и костуми”. Ревијата ќе започне околу 20 и 45, а на неа ќе земат учество 30 познати личности од македонската естрада како модели за венчаници, накит и костуми.
Водител и домаќин на настанот оваа година е Снеже Велков.
Сабота 22ви февруари
Саемот се отвора во 9,30ч до 20 ч. На програмата во сабота имаме неколку индивидуални ревии, музички настапи, лотарија, презентации и промоции. На големата сцена ќе има и приказ и проба за свадбена шминка.
Недела 23ти февруари
Отварање во 9,30 до 18 ч. Недела исто имаме богата програма со неколку ревии, музички бендови, лотарија за пријавените идни невести како и доделување на статуетки за најдобрите изложувачи на саемот. Саемот завршува во 18ч.
Влезниците за посетителите се купуваат на самиот влез на хотелот Александар Палас и ќе чинат 200 ден. Истите ќе бидат достапни и он лајн на платформатhttps://mktickets.mk/ . Не е потребна никаква резервација или пак најава за присуство. Со купена карта идните невести и младоженци добиваат од нас ексклузивен саемски каталог со планер на венчавката.