“Саем за венчавки“ од 10 до 12 март во хотел „Александар Палас“


Саемот за венчавки кој ќе се одржи од 10-12 март во скопскиот хотел „Александар Палас“ ќе понуди богата програма во сите три дена. 

Отворањето на саемот е предвидено за 10 март од 17 ч. за посетители, а во 21 ч ќе биде свечениот дел кога на пистата ќе прошетаат многу познати личности облечени во венчаници и костуми. Во текот на вечерта ќе има и музички дел и многу забава.

Водител и домаќин на саемот оваа година е Ведрана Ѓоргевиќ.

Во делот на програмата за сабота и недела ќе има неколку индивидуални ревии, а посебен сегмент ќе биде и приказот на соодветни фризури и шминка за идните невести.

На сцената ќе има познати мејкап артисти кои ќе презентираат и ќе делат совети за совршен изглед за големиот ден. 

За прв пат во Македонија ќе имаме и презентација на моден дизајн во 3д форма , а најдобрите дизајнери ќе добијат и посебно признание.

Секако најголемата забава за идните невести ќе биде прошетката низ трите хали во хотелот каде најдобрите дизајнери, декоратери, фотографи, ресторани и се што е потребно за организација на големиот ден ќе го изложат на простор од 2000м2.

Убавината на саемот не се само иновациите но и големите попусти кои ќе ги добиете доколку аплицирате за нашата шопинг картичка која ја добивате бесплатно, а се што треба да сторите е да ни пишете на нашиот меил [email protected] [email protected]  и да ги оставите вашите податоци (тел. име и датум за свадба) . Организатор на настанот е магазинот www.vobelo.mk