Саем на книгата во редовниот пролетен термин од 3-9 мај
Саемот на книга годинава се одржува по 34 пат, но се враќа во редовниот, пролетен термин на одржување.
Оваа година ќе се одржи од 3 до 9 мај, во Арена „Борис Трајковски“, под покровителство на Министерството за култура, кое традиционално ја поддржува оваа најголема културна манифестација.
Сите значајни издавачки куќи најавија дека ќе се претстават со своите најнови наслови – изданија за 2022 година, средби со автори, но и голем дел на промоции и попусти за време на саемските денови. Учество најавија и издавачки куќи од регионот.
Покрај враќањето на Саемот на книга во редовниот термин на одржување, се очекува да се вратат и групните посети за учениците и училиштата.