Садула Дураки назначен за вицепремиер

Садула Дураки од ДУИ, кој пред една недела со реконструкцијата беше поставен на чело на новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, ќе биде и заменик претседател на Владата на Северна Република Македонија.
Одлуката за неговата вицепремиерска функција е донесена на денешната владина седница и ја соопшти прес-службата на Владата.