САД заплени два авиони на Абрамович – ги кршел санкциите


САД- Американското Министерство за правда нареди запленување на два авиони во сопственост на рускиот олигарх Роман Абрамович, наведувајќи дека тие биле користени во спротивност со санкциите воведени кон Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Одделението наведува во судските документи дека два авиони, „Боинг 787-8 Дримлајнер“ и млазниот авион „Гулфстрим Г650ЕР“, прелетале над руска територија на почетокот на оваа година, што е во спротивност со контролата на американскиот извоз.

Боингот, кој според судските записи вреди огромни 350 милиони долари, моментално се наоѓа во Дубаи. „Голфстрим“ е во Русија, според судските записи. Според изјавата дадена од агент на ФБИ, Абрамович „ги поседувал и/или ги контролирал Гулфстрим и Боинг преку низа лажни компании“.

Во април властите во Џерси го замрзнаа имотот вреден повеќе од 7 милијарди долари, за кој постои сомневање дека е поврзан со Абрамович.