САД: Уметност создадена со ВИ, без удел на човек, не може да биде заштитена со авторски права


Уметничко дело создадено со вештачка интелигенција, без удел на човек, не може да биде заштитено со авторски права, според американските закони, одлучи американскиот Окружен суд на Вашингтон, САД.

Само дела направени од човек можат да бидат заштитени со авторски права, смета судијата Берил Хауел. Со тоа се потврди отфрлањето од Канцеларијата за патенти на САД на барањето поднесено од компјутерскиот научник Стивен Талер во име на неговиот систем „ДАБУС“ (Уред за автономно подигање на унифицирана смисла).

„Се приближуваме до нови граници во заштитата на авторските права бидејќи уметниците ја означуваат ВИ во нивните кутии… Што ќе ги зголеми предизвикувачките прашања на Законот за авторски права… Овој случај, сепак, не е ни приближно сложен“, изјави Хауел, меѓу другото.

Хауел се согласи со Канцеларијата дека човековото авторство е „основно барање за авторски права“ засновано на „вековното меѓусебно разбирање“.

Апликацијата на Талер за патентите дизајнирани од „ДАБУС“ претходно беше отфрлена и од Канцеларијата за патенти. Талер, исто така, аплицираше за патенти генерирани од „ДАБУС“ во други земји – Велика Британија, Јужна Африка, Австралија и Саудиска Арабија, со ограничен успех. Канцеларијата, исто така, го одби барањето на уметникот да ги заштити сликите генерирани од ВИ-системот „Мидџурни“, и покрај тврдењата на барателот дека системот е дел од нивниот уметнички процес.

Адвокатот на Талер, Рајан Абот вчера изјави дека тој и неговиот клиент силно се противат на одлуката и дека ќе се жалат. Канцеларијата сѐ уште нема коментар за тоа.

Брзорастечкото поле на генеративна вештачка интелигенција (ВГИ) поттикнува нови прашања за интелектуална сопственост. Талер во 2018 година поднесе барање за авторски права што ги покриваат „Неодамнешниот влез во рајот“ (A Recent Entrance to Paradise) – дело на визуелна уметност за кое тој тврди дека неговиот систем за ВИ го создал без учество на човек.