САД: Трет ден рекорден број новозаразени


 

САД трет ден бележат рекодрни бројки со новоинфицирани од корона вирусот.

Според податоците на Институтот „Џон Хопкинс“, во САД во изминатите 24 часа потврдени се речиси 230.000 нови случаи со Ковид-19, а од инфекцијата починаа 2.527 луѓе.

САД имаат повеќе од 14 милиони потврдени случаи со корона вирус и се на прво место во светот.

Американските здравствени работници предупредија на пораст на бројот заразени откако милиони Американци патуваа на прославаи на минатонеделниот празник Ден на благодарноста, и покрај молбите на властите да останат дома.