САД соборија пет беспилотни летала над Црвеното Море


Американската војска рано утринава собори пет беспилотни летала над Црвеното Море, објави американската Централна команда на социјалната мрежа Икс.

Овие дронови, велат тие, претставуваат непосредна закана за американските, коалициските и трговските бродови во регионот.

„Овие активности се преземени за да се заштити слободата на пловидба и да се направат меѓународните води побезбедни“, се додава.

Од ноември минатата година, Хутите напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со проектили и беспилотни летала во, како што велат, поддршката за палестинската милитантна група Хамас во конфликтот со Израел во Појасот Газа.