САД со нова помош за Украина од 100 милиони долари


САД– Американскиот државен секретар Антони Блинкен синоќа соопшти дека САД имаат намера да обезбедат „дополнителни 100 милиони американски долари цивилна безбедносна помош“ за Украина.

Парите се наменети „да го зајакнат капацитетот на украинското Министерство за внатрешни работи да обезбеди суштинска гранична безбедност, да ги одржи функциите на цивилното спроведување на законот и да ја заштити критичната владина инфраструктура во услови на однапред смислен, неиспровоциран и неоправдан напад на претседателот (Владимир) Путин“, се наведува во соопштението.

„Зголеменото финансирање ќе овозможи продолжување на постојан проток на опрема за лична заштита, теренска опрема, тактичка опрема, медицински материјали, оклопни возила и опрема за комуникација за Украинската државна гранична служба и Националната полиција на Украина“, се вели во соопштението.