САД: Шестгодишно момче со пиштол ја уби помладата сестричка


 

Шестгодишно момче синоќа ја усмрти својата петгодишна сестричка, со пиштол, во нивната куќа во сојузната американска држава Индијабна, а родителите се уапсени, соопшти полицијата.

Екипата за итна помош го нашла девојчето со рана од куршум во главата во семејната куќа во Манси, 100 км североисточно од Индијанаполис, пренесе АП.

Таа е префрлена во Ургентниот центар на Меморијалната болница, каде е прогласена за мртва, пренесе локалниот весник „Стар прес“.

Таткото на момчето и девојчето, Џејкоб Грејсон на истражителите им рекол дека нивниот шестгодишен син извадил еден од наполнетите пиштоли од сефот и ја застрелал сестра си, соопшти полицијата.

Грејсон (28) и неговата 27-годишна сопруга Кимберли Грејсон се обвинети за занемарување издржувано лице со смртен исход, и за уште три кривични дела.

Момчето на полицијата ѝ рекло дека клучот од сефот го зело од спалната соба на родителите, додека мајка му дремела.