САД распишаа потерница по Мадуро


Соединетите држави ќе дадат 15 милиони американски долари за информации што водат до апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро за обвинение за трговија со дрога, изјави  државниот секретар Мајк Помпео.

Помпео ја објави наградата откако Министерството за правда покрена обвиненија против Мадуро, опишувајќи го како обичен злосторник место како шеф на држава, додека Вашингтон се обидува да му помогне на водачот на опозицијата Хуан Гуаидо да ја преземе власта во Венецуела.

„Венецуелскиот народ заслужува транспарентна, одговорна, репрезентативна влада што им служи на потребите на народот – и тоа таква што не ја изневерува довербата на народот со вработување јавни службеници кои се занимаваат со недозволена трговија со наркотици“, се вели во соопштението на Помпео .

Освен награда од 15 милиони американски долари за Мадуро, САД, исто така, најавија и 10 милиони американски долари за информации што че доведат до апсење на неговите соработници околу трговија со дрога.