САД притискаат за изградба на гасовод од Израел преку Кипар до Грција


Од потпишувањето на договорот за гасоводот „ИстМед“ во јануари 2020

Соединетите Држави ја поддржуваат изградбата на подводен гасовод што би ја снабдувал Европа со природен гас од источен Медитеран, изјави во четвртокот американскиот секретар за енергетика Дан Бројле, јави Ројтерс од Атина.

Грција, Кипар и Израел го одобрија договорот за гасоводот „Истмед“, кој се планира веќе неколку години. Земјите имаат за цел да донесат конечна одлука за инвестиции до 2022 година и да ја комплетираат шемата од 6 милијарди евра до 2025 година за да ѝ помогнат на Европа да ги диверзифицира своите енергетски ресурси.

„Ние ќе продолжиме да работиме со Израел, Грција и другите заинтересирани страни за да обезбедиме развој на инфраструктурата“, им рече Бројле на новинарите во Атина.

„Сè уште постои огромен интерес и од приватната индустрија и од владите во регионот да се види дека инфраструктурата е развиена и да се развива што побрзо што можеме тоа да го направиме“.

Изградбата на овој гасовод е дел од големите геостратешки планови да ја намали зависноста на Европа од рускиот гас. Овие планови се многу силно поддржани од Вашингтон. Турција остро реагираше по потпишувањето на договорт во јануари оваа година.

Увозот на природен гас на САД во Грција нагло се зголеми во последниве години, бидејќи земјата изгради гасна инфраструктура, вклучувајќи гасовод од 878 километри

Трансјадранскиот гасовод (ТАП), што носи касписки гас до грчко-турската граница и во јужна Италија, започна со комерцијална работа минатиот месец.

Грција, исто така, бара да изгради единица за регасификација на течен гас покрај своето пристаниште во Александрополис на север. Неодамна Македонија донесе одлука парите што со години беа предвидени за бугарската атомска централа Белене (која никако да почне да се гради) да ги пренасочи како учество на државата токму во постројките во Александропулос.