САД праќа 4.000 војници во Израел?


САД ќе испратат повеќе од 4.000 поморски персонал на брегот на Израел, објави денеска Вашингтон пост, повикувајќи се на два неименувани извори.

Тие ќе се приклучат на американската флота, која ќе вклучува два носачи на авиони и нивните придружни бродови, пренесува американскиот весник.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин претходно нареди околу 2.000 американски војници да бидат подготвени за распоредување на Блискиот Исток како поддршка на Израел, објави Пентагон.

Војниците, кои нема да вклучуваат пешадија, ќе имаат задача да советуваат и обезбедуваат медицинска помош, а  доаѓаат од сите американски единици и не е предвидено да учествуваат во борбите.

Подготовката за распоредување не мора да значи дека војската ќе биде испратена, тоа само го скратува времето за трупите да бидат подготвени за движење, доколку е потребно.