САД одобрија продажба на три радар-авиони на Франција за околу две милијарди долари

Фото: Б. Грданоски

САД– САД соопштија дека одобриле продажба на Франција три радар-авиони од новата генерација „Hawkeye“ за околу две милијарди долари.

Таа продажба ќе ја консолидира надворешната политика и националната безбедност на САД преку зајакнување на безбедноста на сојузник на НАТО што е важна сила за политичка стабилност и економски напредок во Европа. Продажбата ќе и помогне на Франција да одговори на тековните и идните закани, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Во октомври минатата година, францускиот Парламент го одобри купувањето на три авиони Е2С произведени од американската компанија Нортруп Груман. Тие се подобрена верзија на авионите Е2С, од кои Франција има три.

Нивната радарска опрема е софистицирана и може да се наполнат во воздух.