САД ќе испратат во Италија медицинска опрема во вредност од 100 милиони долари

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД во Италија,но и на други европски земји, ќе испратат вишок медицинска опрема во вредност од 100 милиони долари како помош во борбата против коронавирусот.

На брифинг за состојбата со коронавирусот во земјата Трамп кажа дека вчера телефонски разговарал со италијанскиот премиер Џезепе Конте и дека му кажал дека американските компании ќе го зголемат производството на респиратори, а вишокот ќе го испратат во Италија, Франција, Шпанија и другите земји кои тешко се погодени од епидемијата.
Трамп притоа повторно ги повика луѓето да останат дома и наведе дека е малку веројатно да се прогласи карантин на цела територија на САД.
Со мерките за ограничување на движењето, што сега засега се донесени на ниво на сојузните држави, веќе се опфатени повеќе од 70 отсто од населението на САД.