САД ќе и помогнат на Македонија да се бори со епидемијата


Амбасадата на САД потврди вчера дека Македонија е една од земјите кои ќе добијат помош од САД за да се справат епидемијата од корона вирусот. Македонија е вклучена на листата од 64 најзагрозени земји кои ќе добијат помош од пакетот што го објави Стејт Департментот кој стигнува до 274 милиони долари.

-Северна Македонија е една од земјите што се вклучени во пакетот што беше најавен. Во моментов се консултираме со Владата и со мешународните партнери за да утврдиме на кои потреби треба да се одговори со овој пакет, соопштија од амбасадата на САД во Скопје.

Според она што го соопштија од Стејт Департментот и УСАИД, помошта може да се состои во медицински сретства и опрема, лаборатории за тестирање и слично, а ќе се дистрибуира преку Светската здравствена организација или други меѓународни организации.