САД и Русија се почесто во комуникација околу Украина


Валериј Герасимов како началник на Генералштабот, сега командува со руската армија во Украина

Генералот Марк Мили, претседател на Здружениот генералштаб на САД и началникот на Генералштабот на руската армија Валериј Герасимов денеска разговарале телефонски , изјави американски официјален претставник за Ројтерс кој сакал да остане анонимен. Службеникот не даде повеќе детали за разговорот, кој беше нивен прв од мај.

Герасимов претходно разговараше со началникот на британскиот Генералштаб Тони Радакин, кој ги отфрли тврдењата на Москва дека Украина планира да преземе дејствија што ќе го ескалираат конфликтот. Британското министерство соопшти дека „лидерите на двете армии се согласиле дека е неопходно да се држат отворени каналите за комуникација меѓу Британија и Русија, за да се избегне ризикот од погрешни проценки, но и да се овозможи деескалација“.