САД ги ставија Виетнам и Швајцарија во списoкот земји манипулатори со девизниот курс


Министерството за финансии на САД ги означи Швајцарија и Виетнам како манипулатори со девизни курсеви и ги стави во списокот земји осомничени во активности за намалување на вредноста на својата валута во однос на доларот. 

Најдоцна до јуни годинава овие земји се мешале во операциите на девизните пазари, со намера да спречат ефективна корекција на девизните трансакции, се наведува во шестмесечниот извештај на министерството. 

Виетнам „со недобронамерни цели се обидувал да добие конкуретна предност во областа на меѓународната трговија“. 

За Швајцерија, се вели дека „спровела обемни еднострани интервенции, значајно поголеми од претходните периоди, за да спречи зголемување на вредноста на франкот и да го намали ризикот од дефлација“. 

Многу аналитичари предвидуваат дека ова ќе има последици во трговските односи меѓу САД и двете земји. Тие ќе треба да започнат преговори со Вашингтон и со ММФ за ова да се реши ова. 

Во списокот манипулатори на девизниот курс има десет земји. Кина меѓу првите беше означена од САД, и тоа двапати, во 1994 година и лани. Други земји што годинава се најдоа на списокот се Тајван, Тајланд и Индија, Јапонија, Кореја, Германија, Италија, Сингапур и Малазија