САД ги рециклирале апаратите за белодробна вентилација добиени како хуманитарна помош од Русија


Агенцијата за вонредни состојби на САД (ФЕМА), ги дала на рециклирање 45-те апарати за белодробна вентилација што пролетоска ги доби како донација од Русија, во екот на пандемијата на коронавирус. 

Од ФЕМА коментираат дека апаратите „всушност се фрлени на отпад“, јавија некои руски медиуми. Тоа било направено соодветно строгите нормативни барања за утилизиација на опасни материи утврдени од Администрацијата за општи служби на САД (ГСА) и Агенцијата за заштита на околната средина (ЕПА). 

Од ФЕМА не потврдиле кога имено ги фрлиле апаратите „Авента-М“, што Русија ги набави во април како хуманитарна помош за САД. Тогаш, за време на телефонски разговор, договор за ова постигнаа претседателот на САД, Доналд Трамп, и неговиот руски колега, Владимир Путин. Првин се известуваше дека апаратите се руска донација, а потоа во руското МНР прецизираа дека половина од апаратите биле платени од Русија, а другата половина од САД. 

Причините зошто апаратите за белодробна вентилација не биле употребени од американската страна кога биле донесени во Њујорк, се неколку, јави Базфид. 

Едната е дека тие работеле на напон од 220 волти и немало адаптери за безбедно вклучување во американската електрична мрежа од 110 волти. Втората причина е поради пожарите што пролетт се случија во болници во Москва и Санкт-Петербург каде се користеле апарати „Авента-М“, за кои подоцна се дозна дека самите апарати, поради технички недостатоци, го предизвикале пожарите, во кои загинаа неколку луѓе. 

Демократите во Конгресот на САД биле незадоволни затоа што апаратите биле снабдени од руската компанија „Крет“, која се наоѓа под американски санкции уште од 2014 година.