САД ги поддржаа демонстрантите во Бугарија, европските лидери молчат


Протестите од минатото лето ја потресоа Бугарија, но социјалистите не знаеја што да направат со тој народен гнев. Одлучија да останат настрана и да се свртат кон национализмот

Американската амбасада во Софија застана зад антикорупциските демонстранти кои повикуваат на оставка на премиерот Бојко Борисов, додека протестите се одвиваат секој ден.

Бугарија ги доживеа своите најголеми антивладини протести за седум години, во услови на растечка криза со корупцијата, која откри како олигарсите ја прошириле контролата врз клучните делови на државата, како што се судството и безбедносниот апарат. Главните цели на демонстрантите се Борисов и главниот обвинител на земјата Иван Гешев.

Борисов е клучен сојузник на германската канцеларка Ангела Меркел и европските лидери избегнаа какви било критики изминатите денови и покрај тоа што скандалот ескалира.

Односите на САД со Бугарија се деликатни. Двете земји се сојузници на НАТО и Америка спроведе заеднички вежби со бугарските сили, но Вашингтон исто така има загриженост во врска со длабоките историски врски на земјата со Москва и се труди да ја диверзифицира Бугарија подалеку од руското снабдување со енергенси.

Иако изјавата на американската амбасада не се однесуваше конкретно на барањата на демонстрантите да си поднесат оставка Борисов и Гешев, нема сомневање каде се наоѓаат симпатиите на САД.

„Секој народ заслужува судски систем кој е непартиски и одговара пред владеењето на правото. Ние го поддржуваме бугарскиот народ како што мирно се залагате за зголемена верба во вашиот демократски систем и го промовирате владеењето на правото во Бугарија. Никој не е над законот“, се вели во соопштението на американската амбасада. (Според агенциите)