САД ги купиле сите светски залихи на лекот Ремдесивир


САД-Американската администрација на претседателот Доналд Трамп ги купи скоро сите количества на лекот Ремдесивир во светот во наредните три месеци, кој се покажа како ефикасен во лечење на Ковид-19.

Експертите се вознемирени од таа одлука стравувајќи што ќе се случи кога некогаш ќе се појави вакцината за коронавирус.

Лекот кој првобитно е развиен за ебола ја произведува фирмата Џилид Сајенсис. Лекот е прв кој американската агенција за лекови го одобри за употреба во лечењето на коронавирус, пренесува Би-Би-Си.

Просечната терапија за лечење предвидува шест дози со вкупна цена од 3.200 долари.

Претседателот Трамп склопил договор со Џилид за 500 илјади дози што е 100 отсто од производството во јули, 90 отсто во август и 90 отсто во септември, соопшти американското министерство за здраство.