САД ги критикуваа најавите за трајно израелско воено присуство во Либан


Соединетите Американски Држави денеска ги критикуваа изјавите на израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, дека израелската армија ќе остане во безбедносните зони во Либан, Сирија и Појасот Газа, оценувајќи дека трајното воено присуство во јужен Либан не е во согласност со договорената рамка, ниту со долгорочниот мир и безбедноста на двете земји.

„Очекуваме сите страни да постапуваат во согласност со рамката за која се договорија. Израел јасно стави до знаење дека нема територијални амбиции во Либан“, пренесува изралескиот медиум „Јнет“ изјава на претставник на американскиот Стејт департмент.

Американскиот дипломат уште посочил дека „трајното воено присуство во јужен Либан не е во согласност со обврските од таа рамка, ниту со долгорочниот мир и безбедноста на двете држави“.