САД: Евакуациите во Источна Украина се „цинична употреба“ на луѓе од страна на Москва

Американските власти оценија дека евакуацијата на цивилите од страна на бунтовниците поддржани од Русија во источна Украина е „циничен“ потег на Москва да се оттргне од она што Западот се плаши дека е неизбежна инвазија.
„Објави како овие се дополнителни обиди да се прикрие преку лаги и дезинформации дека Русија е агресор во овој конфликт“, изјави портпаролот на Стејт департментот на маргините на Минхенската безбедносна конференција.
Тој додаде дека „исто така, цинично и сурово е да се користат луѓе како пиони за да се одвлече вниманието на светот од фактот дека Русија ги зголемува своите сили во подготовка за напад“.
Руските медиуми јавија дека претседателот Владимир Путин телефонски разговарал со вршителот на должност министер за вонредни ситуации Александар Чупријан и му наложил итно да отпатува во Ростовската област за да организира обезбедување услови за сместување, храна и се што е потребно за бегалците кои пристигнуваат од Донбас.Претходно, гувернерот на Ростовската област, Василиј Голубев, му се обрати на претседателот Путин со барање да обезбеди итна помош во таа област во врска со неочекувано големиот прилив на бегалци од Донбас. Рускиот лидер, исто така, и наложи на Владата итно да обезбеди исплата од по 10.000 рубљи (околу 115 евра) за секој бегалец што ќе пристигне од Донбас во Ростовската област.