САД дозволија конфискувани пари на руски олигарх да ѝ се префрлат на Украина


 

5,4 милиони долари конфискувани од рускиот бизнисмен Константин Малафеев ќе ѝ бидат предадени на Украина. Ова го соопшти американскиот јавен обвинител Мерик Гарланд, пишува Си-Ен-Ен.

„Денеска објавувам дека го одобрив првиот трансфер на конфискуваните руски средства во Украина“, рече Гарланд. Тој додаде дека станува збор за конфискуваниот имот на Константин Малофеев. Неговите 5,4 милиони долари беа запленети откако беше обвинет за кршење на санкциите.

Со дозвола на обвинителот, конфискуваните средства ќе бидат префрлени на Стејт департментот за поддршка на народот на Украина. „Руските воени злосторници нема да најдат засолниште во Соединетите Држави“, рече тој.

САД, Канада и Европската унија воведоа санкции против сопственикот на ТВ каналот Царград, Малафеев, уште во 2014 година по анексијата на Крим и избувнувањето на војната во источна Украина. Тој беше осомничен за финансирање на сепаратистите. Самиот бизнисмен тоа го негира, а во 2018 година изјави дека санкциите не го погодиле многу.

Сепак, во април минатата година, јавниот обвинител Гарланд го обвини Малофеев дека се обидува да ги заобиколи санкциите. Бизнисменот создаде шема што ќе им овозможи на неговите публикации да работат во Европа. Американските власти пресретнаа „милиони долари“ што неименуван американски институт му ги испрати на Малофеев.

Парите од неговата сметка биле конфискувани во јуни, напиша Си-Ен-Ен. Самиот Малофеев рече дека станува збор за замрзнати пари уште во 2014 година.