САД – 51.000 починати, 911.000 инфицирани


Меѓу оние на кои им е дозволено да ги отворат бизнисите во Џорџија се фризерниците

Со бројот на загинати од корона вирусот во САД, кој достигна 51.000 и речиси еден од шестмина работници без работа, Џорџија, Оклахома и неколку други држави презедоа пробни чекори за повторно отворање на бизнисот во петокот, и покрај неодобрувањето од претседателот Доналд Трамп и медицинските експерти.

На фитнес-клубовите, салоните за коса, салоните за тетоважи и некои други работни места им беше дозволено да ги отворат своите врати од страна на гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп, непочитувајќи ги предупредувањата од јавните здравствени службеници дека пребрзото намалување на ограничувањата може да доведе до повеќе инфекции и смртни случаи.

Додека болеста Ковид-19 убива илјадници Американци дневно, со наредбите да се остане дома и затворањето на бизнисот повеќе од 26 милиони се без работа, ниво на невработеност што не е видено од Големата депресија од 1930-тите.

Бројот на смртни случаи на САД од Ковид-19, највисок во светот, во петокот надмина 51.000 лица, што е двојно зголемување за 10 дена, според извештајот на Ројтерс, а бројот на Американци за кои се знае дека се заразени  е 911.000.

Џорџија не е сама во повторното отворање.

Оклахома им дозволи на некои трговци да продолжат со работа во петокот, Флорида започна да ги отвора плажите пред една недела, Јужна Каролина почна да ги намалува ограничувањата во понеделникот, а другите држави ќе следат по тоа. (Ројтерс)