Сабаленка се откажа од турнирот во Пекинг поради повреда

Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка, се откажа од турнирот во Пекинг, објави прес-службата на турнирот.
Дваесет и седумгодишната Белорусинка се пожали на полесна повреда.
Во 2024 година, на турнирот во кинеската престолнина, Сабаленка стигна до четвртфиналето, каде што загуби од Каролина Мучова (Чешка) со 6:7 (5:7), 6:2, 4:6.