Сабаленка прва финалистка на Австралија Опен


Мелбурн – Светскиот рекет број еден Арина Сабаленка претпладнево ја победи Шпанката Паула Бадоса во полуфиналето на Австралија Опен со резултат 6:4 и 6:2.

Мечот траеше 1 час и 27 минути. 

Дваесет и шестгодишната Сабаленка сервира два аса и направи една двојна грешка.

Шпанката имаше четири аса и исто толку двојни сервис грешки.

Сабаленка во финалето на Грен слемот во Мелбурн ќе се соочи со победничката од дуелот Медисон Кис – Ига Швјонтек кој се игра попладнево.