Сабаленка прва финалистка на Австралија опен, Коко Гоф беше немоќна


Мелбурн – Белоруската тенисерка Арина Сабаленка претпладнево ја победи Американката Коко Гоф во два сета во полуфиналниот меч на Австралија опен.

Во меч што траеше еден час и 44 минути, Сабаленка славеше победа со 2:0, по сетови 7:6 (7:2) и 6:4.

Белорусинката е актуелен победник на Грен слемот во Мелбурн.

Во финалето Сабаленка ќе игра со победничката од двојката Дајана Јастремска (Украина) – Женг Чинвен (Кина). 

Вкупен награден фонд на Австралија опен изнесува 58,9 милиони долари.