С. Македонија со пет репрезенти на пливачкото СП во Гвангжу


Северна Македонија ќе има пет репрезенти на Светското првенство во пливање и во далечинско пливаше што ќе се одржи од 16 до 28 јули во јужнокортејски Гвангжу.

Во трките на 10 и на 25 километри во далечинско пливање ќе учествува Евгениј Поп Ацев, а за пливачките дисциплини во базен се пријавени Филип Дерковски, Давот Петровски, Миа Крстевска и Ева Петровска.

За време на мундијалот во Гвангжу ќе се одржи и Годишен Конгрес на Светслата пливачка Федерација (ФИНА) на кој во својство на делегат ќе учествува и Александар Маленко, претседател на Пливачката федерација на Северна Македонија.