Македонија да се дефинира како држава на нејзините граѓани, без етнички атрибути, предлага Алтернатива


Понудата од ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени според хрватскиот модел според кој државата ќе го промени мултиетничкиот карактер во унитарен, е неприфатлив за Алтернатива, но од партијата имаат два предложи како да се дефинира државата во преамбулата.

Во писмена реакција од Алтернатива велат дека предлогот од ВМРО-ДПМНЕ е во период кога оваа партија мисли само на изборни поени, но сепак ако се отвора оваа можност предлагаат да се разгледа можноста за редефинирање, нешто што предлагале да се направи одамна.

„Гледајќи дека Северна Македонија има едно поголемо мнозинство – етнички Македонци 54 отсто, второ мнозинство – Албанци 30 отсто И група на малцинства 6-7 отсто, нашиот предлог бил Северна Македонија да се дефинира како’држава на македонската нација, албанската нација и другите етнички заедници‘. За да биде креативна во оваа тема, Алтернатива, има и друг предлог – тоа е Северна Македонија да се дефинира во својата преамбула како ’држава на нејзините граѓани‘, отстранувајќи ги сите етнички атрибути од градењето на државата. Кој модел треба да го прифатиме како држава, тоа треба да биде дел од дебатата и политичкиот консензус“,велат од Алтернатива.

Од партијата порачуваат и дека оваа тема не треба да се злоупотребува за политички цели туку да се разговара со аргументи и без предрасуди.