Руските весници го слават говорот на Путин и укажуваат на следните негови чекори
Што го велат руските весници откако Владимир Путин го одржа својот говор за Денот на победата во понеделникот, во кој ја спореди руската офанзива во Украина со советската војна против нацистичка Германија.
„Нашите војници и офицери го спасуваат светот од нацизмот, исто како што некогаш правеа нашите дедовци и нашите прадедовци“, објавува таблоидот „Комсомолска правда“.
Про-Кремљскиот печат продолжува да го промовира лажниот наратив на Кремљ дека Русија испратила свои војници во Украина за да се борат против нацистите, кои наводно се поддржани од Западот.
Руските весници пишуваат дека војниците и офицерите го спасуваат светот од нацизмот.
„Поранешните сојузници на Хитлер сега ја вооружуваат Украина“, пишува „Комсомолска правда“. „Цела Европа го вооружи Хитлер, исто како што го вооружува Зеленски. Економската моќ на Европа работеше за германските фашисти. Денес тоа работи за украинските нацисти“.
Јазикот е извонреден. Но, целта е јасна.
Руските власти сакаат руската јавност да размислува за претседателот Зеленски – еврејскиот претседател на Украина – како личност слична на Хитлер за да ја оправда воената операција на Кремљ.
Кој ќе биде следниот потег на Владимир Путин во Украина? „Московски комсомолец“ заклучува:
„Тој нема да се повлече. Тој е подготвен за долга, долготрајна борба. Не му е гајле колку време е потребно“.