Руските сили бегаат од позициите околу Бахмут
Украина објави дека постигнала пробив во областа на разурнатиот источен украински град Бахмут, епицентарот на борбите со руските сили. И шефот на приватната воена компанија „Вагнер“ Евгениј Пригожинја потврди информацијата за напредок на украинските сили кај Бахмут, каде што неговите борци се на линијата на фронтот. Тој ги обвини редовните руски единици дека „бегаат“ од своите позиции.
Непосредно пред новите остри критики на шефот на „Вагнер“, руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили одбиле 26 украински напади на 95-километарскиот фронт во Соледарската област. Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малјар претходно изјави дека силите на Киев напреднале два километри во областа Бахмут.