Руските сепартисти јавуваат за украинско гранатирање на Доњецк
Руските сепаратисти во источна Украина денеска јавуваат дека украинската армија го гранатирала градот Доњецк, јацви Тасс
Градоначалникот на Доњецк, Алексеј Кулемзин, изјави дека во нападите тешко е оштетена административната зграда и има искршени прозорци и запалени автомобили.
„За чудо, никој не е убиен“, ги пренесува неговите зборови Тасс.
Информациите, меѓутоа, не можат да бидат потврдени од независен извор.
Индустрискиот град Доњецк е под контрола на проруските сепаратисти од 2014 година.
Градоначалникот додаде дека во денешниот напад врз градот е убиен еден цивил, додека четворица се ранети.
Силите поддржани од Москва ја обвинија украинската војска за 40 напади во рок од 24 часа врз цели во „Доњецката народна република“.