Рускиот олигарх Роман Абрамович го тужи Советот на ЕУ


 

Рускиот милијардер Роман Абрамович поднесе тужба против Советот на Европската Унија, јавува Еуроњус. Советот на ЕУ го санкционираше Абрамовиќ во рамки на низата мерки насочени кон Русија и сојузниците на рускиот претседател Владимир Путин. Абрамовиќ е еден од неколкуте руски олигарси кои ЕУ во март ги санкционира и им го замрзна имотот. Тогаш беше речено дека Абрамовиќ има добар однос со путин, но тој го демантираше тоа.

Британската влада го натера Абрамович да го продаде прволигашкиот фудбалски клуб Челзи, кој во поденелникот беше продаден за 3,2 милијарди долари. Португалските власти ја потврдија продажбата на Челзи која не оди во прилог на Абрамович или неговите соработници затоа што приходот ќе се искористи за хуманитарна активност во Украина.

„Оваа продажба е заеднички ангажман на Европската комисија, Португалија и Велика Британија. Продажбата во потполност е во согласност со санкциите на ЕУ“, рекоа од Комисијата за АП.

британската влада во април го замрзна имотот на руските бизнисмени поврзани со Абрамович. Станува збор за Еуген Тененбаум и Давид Давидович и за имот вреден 10 милијарди фунти. Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас рече дека тоа е најголемо замрзнување во историјата на Велика Британија.