Руски воени авиони пресретнале американски бомбардери


Руски борбени авиони Су-27 двапати на јужни и западни граници пресретнале американски бомбардери Б-52, соопшти руското Министерство за одбрана.

Пресретнувањата биле над Балтичкото и над Црното Море.

Министерството потврди дека вчера двапати биле пресретнати американски стратешки бомбаредери  без да наведе точен број на авиони.

– Американските авиони не кршеле гранични прописи, руските пилоти ги оддалечиле американските бомбардери мирно и во согласно меѓународните правила, соопшти Министерството.