Руски Велигден во Скопје


Традиционален колач од сирење „пасха“, ролат „кулич“и боени јајца беа дел од вчерашниот настан организиран од руската амбасада во Скопје и од Македонскиот центар за добредојде.Иако македонската велигденска традиција и руската се слични во голема мерка, сепак има разлики и во обичаите и на трпезата, кои беа преставени од амбасадорот Сергеј Баздникин.

Велигден се смета за најголем верски празник во Русија, а главната литургија се случува навечер со заедничко бдеење пред црквите, при што жените носат задолжителна марама. Јајцата и таму се бојат главно црвено, а главниот колач е всушност чизкејк со суво грозје кој се разликува во зависност од фантазијата при подготвувањето.

На настанот беше емитувана видео презентација на велигденското славење во Русија и беа преставени скапо декорираните Фабержеови јајца кои биле изработени во Русија за тамошните императори.   Амбасадорот најави скорешна презентација и на македонската култура во Русија порачувајќи дека како и Македонија и неговата земја е мултуетничка и мултиконфесионална.

Разни руски велигденски ракотворби беа изложени исто така на настанот.